Иако многупати се апелира дека политиката мора да биде надвор од спортот, во пракса тоа не е така Таква ситуација се случи во Ерменија, на Европското првенство во кревање тегови во Ереван.
За време на презентацијата на Азербејџан, земја со која до неодамна Ерменците беа во војна, еден фан дојде до бината, го запали и одзеде знамето на cоседите.
During the opening ceremony of 2023 European Weightlifting Championships in Yerevan Armenia, the barbaric act took place, and the Azerbaijan flag was set on fire. This is deeply unacceptable and shows that Armenia is not ready to host such events. pic.twitter.com/tOzH1xK38W
— Farid Gayibov (@faridgayibov) April 15, 2023
Обезбедувањето веднаш реагираше и го дофати сторителот, а тој по бркањето од салата пред народот беше дочекан како национален херој, бидејќи сите го поздравуваа и му дадоа овации.