![](https://zoom.mk/wp-content/uploads/2023/08/nevreme-750x470-1.png)
Силна тропска бура ја зафати централна и западна Јапонија со силен дожд и силни ветрови на 15 август. Невремето предизвика поплави и прекин на електричната енергија и парализирање на воздушниот и копнениот транспорт. Ова се случи во период кога многу луѓе патуваат за будистичка празнична недела.
Јапонските медиуми јавуваат дека околу 20 луѓе се повредени од незгоди предизвикани и поврзани со невремето.
Невремето предизвика излевање на реките, оштетени некои згради и парализиран сообраќај. Локалните општини советуваа повеќе од 230.000 жители да се засолнат во побезбедни згради, како што се центрите на заедницата.