Цела Грција ја следи сеизмичката бура која во последните денови се случува на Санторини. Со засилувањето на сеизмичката серија, со регистрирани околу 10 потреси на час (најголем број од 12 се забележани во периодот од 2 до 3 часот утринава), голем број жители и посетители на Санторини – оние кои не учествуваа во бранот бегство – ја поминаа ноќта во своите автомобили.
Загриженоста поради земјотресите се прошири и во Турција, каде сеизмолозите бараат од жителите на крајбрежните области како Бодрум, Мугла и Ајдинио да внимаваат на можното цунами.
По синоќешната средба во палатата Максимос за земјотресите, на која присуствуваше и премиерот Киријакос Мицотакис, стана јасно дека постои загриженост, но во разумни граници, за можноста од земјотрес со јачина од 6 или повеќе степени според Рихтеровата скала.
„Се испитуваат сите елементи на сеизмичка активност. Досегашните мерки се превентивни. Во секој случај, комисијата за управување со сеизмички ризик ќе биде постојано информирана и постојано ќе заседава. Ги повикувам нашите сограѓани да ги слушаат мерките на експертите и се придржуваме до нив за да можеме да се справиме со моменталната состојба. Има будност, превентивни мерки и организација“, изјави по средбата Василис Кикилијас.
Προληπτικά τα μέτρα. Συνεχής ενημέρωση από τους ειδικούς και εγρήγορση
Ολοκληρώθηκε η σύσκεψη υπό τον Πρωθυπουργό. Ενημερώθηκε, όπως και όλοι οι υπόλοιποι παριστάμενοι, από την επιστημονική μας ομάδα. Φυσικά ενημέρωση θα παρέχεται συνεχώς. Εξετάζονται όλα τα στοιχεία της… pic.twitter.com/7IT7hOqJj8
— Vassilis Kikilias (@Vkikilias) February 2, 2025
Локалните власти на некои од островите, како што се Санторини и Аморгос, ги ажурираа своите планови за евакуација на областите во случај на земјотреси и цунами, а побараа рибарите и приватните чамци да останат врзани денеска. На Санторини, Иос и Аморгос има тимови за итни случаи од спасувачи и лекари, со амбулантни возила и опрема, како дел од постојаната оперативна подготвеност и превентивното зајакнување на механизмите за одговор при итни случаи, пренесува Прототема.
„Водата се повлече“
Додека сеизмичката бура, како што некои научници го нарекуваат феноменот, продолжува, на социјалните мрежи кружат видеа, снимени од жители на крајбрежните области на Турција, како што е Измир, известувајќи дека водата се повлекла во последните денови, прашувајќи се дали овој феномен е поврзан на сеизмичка активност кај Санторини.
Receding waters in Izmir. Scary!#Santorini #SantoriniVolcano #SantoriniEarthquake #Volcano #Earthquake #Kolumbo #Greece #Tsunami
pic.twitter.com/0jCcSOqQS9 — LeanneSpurs
(@LeanneSpurs) February 3, 2025
Сеизмологот Акис Целентис во објава на својот Фејсбук профил меѓу другото наведува дека „нема потреба од паника бидејќи паниката е најголемиот убиец, но потребна е будност – феноменот се влошува“.
„По новите земјотреси што се случија, мислам дека и државата (која работи како што треба) и жителите треба да бидат многу внимателни. Националниот комитет за сеизмички опасности има меѓународно искуство и треба да ги слушнете неговите најави. Најголемата опасност е од цунамито. За жал, близината на подводните раседи во оваа област не дозволува доволно време за пристигнување на предупредувањата од Националниот центар за предупредување на цунами, а временскиот јаз помеѓу предупредувањето и пристигнувањето на цунами е многу краток. Жителите веднаш да се оддалечат од брегот и да побараат засолниште во повисоките топографски области штом забележат дека водите се повлекуваат“, рече тој.
Научниците се претпазливи во врска со сеизмичката низа и нејзината еволуција. Во изјава за Прототема, професорот Костас Папазахос рече дека најлошото сценарио е „да се случи посилен земјотрес со јачина од 6 или поголем во регионот“ и посочи дека „тоа е една од најтешките секвенци во грчкиот регион“.
Текстот (Видео) Сеизмичката бура кај Санторини ја загрижи Турција, граѓаните споделуваат загрижувачки снимки: „Водата се повлече!“ е превземен од МАКФАКС.