Бројот на загинати во ерупцијата на индонезискиот вулкан Семеру е зголемен од 22 на 34, соопшти денеска портпаролот на агенцијата за справување со катастрофи.

Advertisements

„Според последниот биланс, 34 се загинати, а 17 се водат како исчезнати“, рече тој.

Ерупцијата се случи во саботата, кога повеќе од 10 села беа покриени со пепел и уништени.

Последната ерупција на вулканот Семеру беше во јануари, но тогаш немаше жртви. Индонезија е во Пацифичкиот огнен појас, каде што се чести земјотреси и вулкански ерупции. Архипелагот на Југоисточна Азија вклучува повеќе од 17.000 острови и повеќе од 130 активни вулкани.

Прикажи повеќе