Фудбалерите на ПСЖ и Барселона се пласираа во полуфиналето во Лигата на шампионите. Конечни резултати: Борусија Дортмунд – Барселона 3:1 и Астон Вила – Пари Сен Жермен 3:2.

Барселона беше апсолутен фаворит против Борусија, што го потврди и на првиот натпревар во Шпанија каде победи со 4:0.

Сепак, реваншот на Вестфален целосно им припадна на фудбалерите во жолто-црни дресови и со малку среќа можеа да остварат сензационален резултат. Победија но со недоволна разлика.

Се истакна трикратниот стрелец Серху Гираси. Првиот гол го постигна од пенал, вториот веднаш на стартот на вториот дел и ја подигна температурата на трибините.

Жолтиот ѕид не ги штедеше грлата, но автоголот на Бенсебаини за момент ја стиша еуфоријата.

Гираси успеа да постигне хет-трик, имаше уште неколку можности, но на крајот Барселона со вкупен резултат 5:3 се пласираше во полуфиналето.

Избраниците на Ханси Флик во полуфиналето ќе играат против подобриот од дуелот Баерн – Интер. Во првиот натпревар во Минхен, Италијанците победија со 2:1. Реваншот е в среда во Милано.

Вистинска драма се одвиваше на „Вила Парк“ во Бирмингем, но Џиџи Донарума не и дозволи на Асти=он Вила да го елиминира ПСЖ. Италијанскиот голман во второто полувреме имаше три сензационални интервенции.

Има и многу возбуда во Бирмингем во Вила Парк. На првиот натпревар во Париз подобар беше шампионот на Франција. Гостите по 27 минути игра имаа предност од два гола. Стрелци беа Хакими и Нуно Мендеш.

Вила се врати во мечот со голот на Тилеманс во 34.минута. Во вториот дел Мекгин и Конса во 55. и 57.минута погодија за преднст на Вила. До крајот домаќинот не успеа да избори барем продолженија.

ПСЖ во полуфиналто го чека победникот од двомечот Реал-Арсенал. Англискиот тим има предност од 3:0 пред реваншот во Мадрид.

Полуфиналните натпревари се закажани за 29 и 30 април, реваншите на 6 и 7 мај.

Финалето е на 31 мај на Алијанц Арената во Минхен.

Текстот (Видео) ПСЖ го преживеа пеколот на „Вила Парк“, а Барса драмата во Дортмунд е превземен од МАКФАКС.