Лион одигра нерешено како домаќин против Оксер (2:2), но овој натпревар предизвика големо внимание не само во Франција, туку и низ Европа.

Не поради резултатот, атрактивни потези или голови, одличната игра на Грузиецот Микаутазде, туку поради нешто сосема друго.

Имено, оспорен е првиот гол на овој играч. Судијата Џереми Стинат во втората минута од надополнувањето на времето во првото полувреме при резултат 0:0, а по контактот на Микаутадзе и противничкиот играч во шеснаесетникот покажа гол-аут, а потоа се огласи ВАР-от ја промени својата одлука и досуди пенал за тимот на Лион.

Секако, таа одлука предизвика жестоки протести одј тренерот на Оксер, Кристоф Пелисие, кој дури ги повика играчите да го напуштат теренот.

Тоа не се случи, но потоа капитенот на Оксер поднесе техничка жалба до судијата. Во Лига 1 тоа е сосема легитимно, тоа е еден вид документ кој ја оспорува судиската одлука, но не се памети кога последен пат е користен и дали воопшто некогаш е искористен.

Јасно е дека овој натпревар ќе има и трето полувреме.

Значи, техничката жалба на Оксер е основана, па мечот лесно може да биде повторен. Во членот 559 од Лига 1 натпревар се вели:

„По натпреварот, судијата регистрира техничка забелешка. Ќе се земе предвид само ако на резултатот влијаела погрешна одлука. За да се продолжи со постапката, приговорот мора да се претвори во жалба. Тој мора да биде испратен во писмена форма до Лига 1 во рок од 48 часа. Тоа тело или го регистрира натпреварот со конечниот резулта или одлучува дека натпреварот мора да продолжи“.

Текстот (Видео) Преседан во Франција: Натпревар ќе се игра повторно поради приговори? е превземен од МАКФАКС.