Обожавателите на Џастин Тимберлејк добија повеќе отколку што очекуваа кога дојдоа на неговиот концерт во Нешвил.
Имено, 43-годишниот пејач облекол појас преку панталоните оставајќи малку на имагинацијата, а додека пеел се обидел да си го покрие меѓуножјето со маица.
Во вирален клип што ги обиколи социјалните мрежи, Тимберлејк го пее својот хит Mirrors, облечен во темно сиви панталони над кои носеше појас што му го разоткри меѓуножјето – а луѓето не престануваат да го исмеваат.
„Пее Hard to find (во превод: „Тешко е да се пронајде“) додека вие зумирате на…“, „Емитира микро енергија“, „Сите добро знаевме“, „Ова е премногу не требаше да го видам“, „Постојано се обидува да го покрие со кошула“, „Бритни го знаеше тоа многу добро“, „Не ми требаше потврда, но ова е дефинитивно потврда“, „Изгледа дека парите не можат да купат сè на светот“, се само некои од коментарите под виралното видео.
Текстот (Видео) Познатиот пејач покажа премногу на концертот, луѓето го исмеваат: Со пари не се купува се е превземен од МАКФАКС.