Бела Торн предизвика мешани реакции на социјалните мрежи откако му предложи брак на својот партнер.
Актерката Бела Торн, која е позната по своите цврсти ставови, неодамна предизвика вистинска возбуда на мрежите.
Таа му предложи брак на својот партнер, филмскиот и телевизиски продуцент Марк Имс, само две години откако тој ја запроси.
Таа објави фотографии и видео од настанот на Инстаграм со емотивен опис:
„Пред три години се запознавме, една година подоцна тој ми предложи брак, а сега, една година подоцна, и јас“, напиша таа.
Објавата предизвика бројни реакции, а Бела мораше да се огласи веќе следниот ден.
„Коментарите на мојата објава се смешни! Целосно поделени – половина од вас се расположени „нема да ги нормализираме жените што просат мажи“, додека другата половина се „да, женска моќ, ова е најслаткото“, рече Бела.
Текстот (Видео) Позната актерка му предложи брак на партнерот е превземен од МАКФАКС.