Во утринските часови во Калиновац, Хрватска, избувна пожар во познатата фабрика за опрема за одржување на сообраќајната инфраструктура „Раско“. На терен има бројни противпожарни единици кои го гаснат пожарот.
Компанијата „Раско“ ја потврди веста на својата Фејсбук страница.
„Имаше пожар во нашиот производствен погон во Калиновац. Во моментот на гаснење се ангажирани јавните противпожарни единици. Според достапните информации нема повредени. Неколку вработени се испратени на превентивни лекарски прегледи поради изложеност на чад. Правиме се што е во наша моќ за да обезбедиме безбедност и благосостојба на нашите работници и на пошироката заедница.
Ви благодариме на разбирањето и ќе ве информираме штом имаме повеќе информации – порачаа од „Раско“ преку социјалните мрежи, пренесува Подравски.хр.
Иако тоа допрва ќе се утврдува, според првичните информации, причината за пожарот е поврзана со погонските батерии, кои се вградени во возилата што ги произведува компанијата.
Текстот (Видео) Пожар во фабрика во Хрватска, пожарникарите се борат со огнената стихија е превземен од МАКФАКС.