Украинците во текот на ноќта со беспилотни летала ја нападнаа руската рафинерија Туапсе во Краснодарската територија.

Според руските канали на Телеграм, жителите слушнале десетина експлозии во рафинеријата околу 3 часот по полноќ по локално време. Тие се пожалија дека предупредувањето за опасност од воздух било издадено потоа.

На социјалните мрежи се проширија фотографии и видеа од пожарот во рафинеријата. Каналот на Телеграм, Mash објави дека експлозии предизвикале пожар во нафтената рафинерија Туапсе. Руски извор тврди дека имало „пад на остатоци од соборен дрон“.

Гувернерот на Краснодарската територија Вениамин Кондратиев го потврди нападот врз рафинеријата и извести дека „еден од резервоарите со бензин се запалил“. „Пожарот се прошири на површина од над 1.000 квадратни метри“, додаде тој.

Инаку, оваа рафинерија веќе беше нападната ноќта меѓу 25 и 26 февруари. Нападот предизвика и пожар и оштети опрема за рафинирање нафта. Одговорноста за нападот тогаш ја презеде Украинската одбранбена разузнавачка служба.

Текстот (Видео) Погодена рафинерија во Русија, гори огромен резервоар за гас е превземен од МАКФАКС.