Најмалку осум лица загинаа во поројните поплави на југот на Иран поради обилните дождови кои се очекува да траат до крајот на оваа недела, објавија денеска државните медиуми.
„По поплавите и дождовите во изминатите неколку дена во јужните региони на земјата, видовме зголемување на жртвите и загинатите“, изјави портпаролот на националната спасувачка служба Мојтаба Каледи, а пренесе државната новинска агенција ИРНА.
„Досега осум лица загинаа, а две се водат како исчезнати“, рече Каледи, додавајќи дека 14 други се повредени.