Украинскиот министер за надворешни работи беше домаќин на брифинг во живо со над 160 новинари и уредници од 65 земји низ светот.
Министерот Кулеба зборуваше за надворешната политика на Украина додека Русија продолжува да ја ескалира безбедносната ситуација во регионот Донбас, Крим и долж границата на Украина.
Тој одговори на бројни прашања од новинарите од сите континенти во светот. Украина работи на тоа да обезбеди „силен и далекусежен чекор“ кон членството во НАТО на самитот на воената алијанса во Вашингтон во јули, изјави Кулеба на брифингот.
„Активно соработуваме со раководството на НАТО и клучните сојузници во однос на исходот од самитот во Вашингтон.
Кулеба, исто така, рече дека Украина го исполнува главниот критериум за членство во однос на нејзината способност да ги брани границите на НАТО.
„Работиме напорно за да направиме силен и далекусежен чекор кон членството на Украина во НАТО на самитот во Вашингтон“, рече Кулеба, додавајќи дека не може да навлегува во детали за тековните дискусии.
Министерот за надворешни работи Кулеба изјави дека очекува дека Соединетоте Држави ќе ја прошират помошта за Кијив, забележувајќи дека американскиот Конгрес сė уште го разгледува предложениот пакет за помош од 60 милијарди долари за нацијата разурната од војна.
„Прво, сметам дека американската помош ќе дојде. Второ, гледаме дека нашите европски партнери значително го зголемуваат своето воено производство и набавки во трети земји за да и помогнат на Украина“, рече Кулеба.
И покрај тоа што ги признава проактивните напори на европските парнери на Кијив за ублажување на влијанието од одложената одлука во американскиот Конгрес, Кулеба истакна дека иако не го решава целосно прашањето, тоа „помага да се одржи притисокот“.
Кулеба истакна дека „паметната употреба на расположивото оружје и херојството на војниците“ остануваат клучни во справувањето со недостигот на оружје, нагласувајќи ги континуираните напори на Украина да истражува нови патишта за набавка на оружје и муниција за својата војска.
За време на брифингот, Кулеба откри информации за моменталната состојба на војната која што е во тек во Украина, вклучително и за украинското управување со оружјето и претстојниот глобалнен мировен самит во Швајцарија.
Кулеба истакна дека Украина продолжува да брани 1.200 километри активна линија на фронтот, како што тоа го правеше во изминатите 25 месеци од целосната инвазија.
„Состојбата на фронтот останува тензична“, реле Кулеба.
Зборувајќи за оружјето на кое се потпираат, Кулеба истакна дека „дроновите се новите херои на војната“, откривајќи дека Украина планира домашно производство на еден милион дронови само оваа година. Тој, исто така, нагласи дека неговата земја има потреба од оклоп и инженерска опрема.
„Украина се разликува од Русија. Додека ние ги почитуваме животите на нашите војници, Русија користи брутални тактики со тоа што испраќа поголем број војници на бојното поле“, рече Кулеба.
Тој дополнително даде најнови информации за артилериската муницја ветена од страна на нациите кои ја даваат својата поддршка. Според него, Украина активно истражува дополнителни извори за набавка на оружје за нејзините вооружени сили.
Кулеба ги пофали успешните преговори на Украина за договорот за жито преку Црното Море, што го олесни обезбедувањето на прехранбени житарки во 33 земји низ Азија, Европа и Африка. Тој истакна дека покрај комерцијалниот извоз, Украина, исто така, даде илјадници тони хуманитарна помош во вид на бесплатни прехранбени житарки на бројни ранливи семејства во различни земји.
„Оваа година е богата со избори и Украина не се меша во изборите на други земји, ние ќе работиме со владите кои се демократски избрани, а во случајот со Русија, изборите не се реални“, рече Кулеба во одговор на прашање за изборните резултати во Русија и изборите во многу земји оваа година.
Осврнувајќи се на неодманешните руски претседателски избори, Кулеба ги карактеризираше истите како „надвор од реалноста“, истовремено инсистирајќи дека Москва е таа која мора да одговора за неодамнешните напади врз рафинериите за нафта на територијата на Русија.
„Постои директна последица од рускиот незаконски и неиспровоциран напад врз Украина. Ако (рускиот претседател Владимир) Путин не го започнеше овој напад, илјадници Руси немаше да бидат убиени во Украина и ништо немаше да се случи во Русија“, рече украинскиот министер за надворешни работи, Кулеба.
Украинскиот министер за надворешни работи ја изрази својата силна убеденост дека Русија нема да успее да ја „уништи земјата“.
Тој, исто така, рече дека Русија ќе продолжи да напаѓа „други европски или централноазиски земји“ доколку успеат во Украина, затоа што Москва е водена од „експанзионистички аспирации и амбиции“.
Во тој контекст, Кулеба се повика на документ дистрибуиран од Русија кон крајот на 2021 година, во кој Кремљ инсистира НАТО да се врати на своите граници како што беа во 1997 година.
„Не би ги ограничил амбициите на Путин само на Молдавија и Грузија. Неговите планови одат многу, многу подалеку и тој ќе оди до каде што му е дозволено. Затоа, најефикасниот начин да се спречи ситуација каде НАТО и земјите од Централна Европа се борат со руски војници на своја територија е да ѝ се помогне на Украина да ја победи Русија на наша територија“, рече тој.
Без оглед на цената на помошта за Украина сега, цената на водење војна сама по себе е многу повисока, вклучувајќи ја највисоката цена на човечки животи што Украина моментално ја плаќа, нагласи Кулеба, со оглед на желбата на Путин да го обнови Советскиот Сојуз, неговите амбиции да оди подалеку од границите на најблиските соседни земји на Русија.
„Тој (Путин) не го признава правото на многу држави да бидат во рамките на нивните меѓународно признати граници, така што и земјите од Централна Азија треба исто така да бидат загрижени“, додаде Кулеба.
Кулеба, исто така, рече дека од неговата средба во јануари во Ужгород, западна Украина, со унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, Украина го продолжила својот дијалог со Унгарија за прашањата кои ги оптоваруваат билатералните односи на двете земји.
„Нашата земја и нашите луѓе никогаш не ја сакаа оваа војна. Ние никогаш не сме нападнале никого и никому не сме дале повод да нė нападне“, рече тој.
Запрашан за потенцијалната улога на Кина како мировен посредник, Кулеба нагласи дека Формулата за мир од 10 точки на украинскиот претседател Володомир Земенски е „единствениот реален“ пристап за решавање на 25-месечниот конфликт.
„Кина има апсолутно огромен потенцијал во ставњето крај на оваа руска агресија врз Украина поради посебните односи што Кина ги има со Русија“, додаде тој.
Украинскиот мнистер за надворешни работи, Дмитро Кулеба, сугерирапе дека додека Европа ја перцепира Русија како директна закана, Глобалниот југ се обидува да се усогласи со перцепираниот победник во руско-украинскиот конфликт.
„Кога Украина напредува на бојното поле, гледаме дека Глобалниот југ станува попријателски настроен. Кога ситуацијата е постабилна на бојното поле, гледаме како Глобалниот југ станува поурамнотежен во својот пристап“, изјави Кулеба за меѓународниот печат.
Тој нагласи дека „политичката динамика зависи од динамиката на линијата на фронтот“.
Поимот „Глобален југ“ општо ги опфаќа државите од Јужна Америка, Африка и Азија кои не се усогласени со главните глобални сили.
Извор на видеото: Министерство за надворешни работи на Украина
CIVIL MEDIA
Превод: Н. Цветковска