Фудбалерите на Милан славеа како гости во Верона со минимален резултат (1:0), во првиот натпревар од 17. коло на Серија А.

Победничкиот гол го постигна Тијани Рејндерс во 56. минута од натпреварот.

Холанѓанецот го искористи одличното додавање на Јусуф Фофана, а потоа ја затресе мрежата на Лоренцо Монтипо.

Голем проблем за „Росонерите“ е повредата на Рафаел Леао, кој се повреди по 30 минути игра.

Милан беше поконкретен во остатокот од натпреварот и на крајот стигна до победа, по киксот во претходното коло против Џенова.

Милан е седми на табелата со 26 бодови, додека Верона е 17-та, прва над зоната за испаѓање, со 15 бодови.

Текстот (Видео) Минимален триумф на Милан во Верона е превземен од МАКФАКС.