Интер Мајами се пласираше во осминафиналето на Купот на шампионите на КОНКАКАФ, откако и во реваншот го победи Спортинг Канзас Сити. Интер на гости победи 1:0, а во реваншот на домашен терен забележа триумф 3:1.
Натпреварот го одбележа првиот гол на натпреварот, кој го постигна Лионел Меси во 19. минута од натпреварот, кога проработе врската од Барселона. Во улога на аистент беше Луис Суарез, а стрелец Меси.
MESSIIIIIIII
What a goal for Inter Miami!!
pic.twitter.com/UHUuEPfE4V — FOX Soccer (@FOXSoccer) February 26, 2025
До крајот на полувремето Тадео Аљенде ја удвои предноста на својот тим, а во судиското надополнување Суарез го постигна третиот гол. Во второто полувреме, замениот Мемо Родригез го постигна единствениот гол за гостите.
Интер Мајами во четвртфиналето ќе се соочи со Кавалирс, шампионот на Јамајка.
Текстот (Видео) Меси повторно стрелец против Канзас, Интер ја мина првата рунда во ЛШ на КОНКАКАФ е превземен од МАКФАКС.