Лионел Меси со два гола му донесе триумф на Интер Мајами во дуелот со Колумбос (3:2). Покрај Меси стрелец за Интер беше и неовиот долгогодишен соиграч од Барселона, Луис Суарез.

Легендарниот Аргентинец беше стрелец во 45. минута, а потоа и во петтата минута од судиското надополнување во првото полувреме.

Секој гол беше вистинско мало ремек дело.

Во 46. минута Роси погоди за Колумбус и најави возбудливо второ полувреме. Не помина многу време и Интер повторно ја врати предноста од два гола. Стрелец беше Суарез. До крајот Колумбос намали преку Ернадез од пенал.

Меси регуларниот дел од сезоната го заврши со 17 голови и 17 асистенции. Интер прв пат во историјата го освои првото место во Источната конференција.

Во МЛС лигата од средината на октомври до 7.декември ќе се игра плеј-офот за шампионската титула.

Текстот (Видео) Меси блескаше против Колумбос – Интер ја освои Источната конференција е превземен од МАКФАКС.