Ирскиот ММА борец Конор Мекгрегор се уште не може да го преболи понижувачкиот пораз од Хабиб Нурмагомедов.

И покрај тоа што нивната борба беше пред шест години, Мекгрегор сè уште е фрустриран од секое спомнување на борецот од руската република Дагестан.

На социјалните мрежи кружи нов срамен чин на некогаш најпопуларниот УФЦ борец во светот.

На видеото се гледа како Мекгрегор плука во лице на непознат маж кој го испровоцирал Ирецот со едноставно извикување: „Напред, Хабиб!“

Откако го слушнал повикот, Мекгрегор налутено се свртел, а потоа му пришол на насмеаниот човек и го плукнал во лице.

„Те плукнав во лице и што направи? Ништо“, му рекол Мекгрегор бидејќи неговиот порстаклук не предизвикал реакција од другата страна.

Поради ооа Ирецот може повторно да има проблем со законот, како што наведуваат некои американски извори наведуваат дека плукањето в лица се класифицира како насилничко однесување и напад.

Инаку, Мекгрегор секоја недела прави се повеќе испади, а неодамна жестоко го навреди Нурмагомедов и неговиот тим.

Тој потоа се сврте против сонародникот Пол Хјуз затоа што по мечот покажа почит кон Усман Нурмагомедов.

Иревот никогаш не се опорави од споменатиот пораз во една од најголемите УФЦ борби во историјата.

Тој се врати во октагонот по двегодишна пауза и го победи Доналд Сероне, но потоа претрпе два порази од Дастин Поаире.

Во кариерата на 28 меча има 22 победи (19 со нокаут) и шест порази (два со нокаут).

Мекгрегор неодамна беше осуден за сексуален напад, поради што го напуштија бројни спонзори.

Текстот (Видео) Мекгрегор не трпи провокации: Поради повикот „Напред Хабиб“ плукна човек е превземен од МАКФАКС.