Меган Маркл ја објави првата епизода од нејзиниот нов подкаст Confessions of a Female Founder. Нејзин прв гостин беше Витни Волф Херд, сопственичка на платформата Бамбл.
Во подкастот, Меган зборуваше за застрашувачкиот период по една од нејзината бременост. Таа откри, имено, дека и таа и Херд имале прееклампсија по породувањето, болест која се карактеризира со висок крвен притисок и зголемена количина на протеини во урината.
„Тоа е многу ретко и многу страшно. Се обидувате да се справите со толку многу работи одеднаш, а светот не знае што се случува. Во таа тишина, сè уште се обидувате да бидете тука за луѓето – главно вашите деца – но работите како оваа се големи медицински стравови“, рече таа.
Меган не откри дали тоа се случило по раѓањето на нејзиниот син Арчи (5) или ќерката Лилибет (3).
Текстот (Видео) Меган Маркл проговори за компликациите по породувањето: „Беше страшно“ е превземен од МАКФАКС.