Канадскиот кошаркар Шеј Гилџис-Александер го одигра најефикасниот натпревар во својата НБА кариера, ги предводеше Оклахома Сити Тандер на домашен терен до победата над Јута Џез со резултат 123:114.

Бекот од Торонто одигра 37 и пол минути и забележа 54 поени (17/35 од поле, 17/18 слободни фрлања), 8 скока, 5 асистенции, 2 украдени топки, 2 блокади и 3 загубени топки. Тој стана првиот играч на Тандер кој постигнал повеќе од 50 поени на натпревар од 2017 година, кога лидер на тимот беше Расел Вестбрук.

За да ја освои наградата за МВП, „трофејот Мајкл Џордан“, Гилџис-Александер ќе мора да го надмине Никола Јокиќ. Центарот на Денвер Нагетс исто така е во феноменална форма.

Кошаркарот од Сомбор во претходните четири натпревари оствари трипл-дабл, а куриозитет е што во ниту еден од тие четири дуели не играше во последната четвртина.

Во победата над Јута, кај Оклахома покрај Цилџис-Александер се истакнаа Џејлен Вилијамс со 25 поени. Кај Јута најдобри беа Џон Колинс со 22 поени и 12 скока, додека Колин Секстон имаше 18 поени и 9 асистенции.

Со овој триумф Оклахома Сити стигна до резултат 36-7 со што се израмни со Кливленд Кавалирс, досега најдобриот тим во лигата.

Резултати:

Бруклин Нетс – Феникс Санс 84:104
Далас Маверикс – Минесота Тимбервулфс 114:115
Хјустон Рокетс – Кливленд Кавалирс 109:108
Мемфис Гризлис – Шарлот Хорнетс 132:120
Сакраменто Кингс – Голден Стејт Вориорс 123:117
Лос Анџелес Клиперс – Бостон Селтикс 113:117 (по продолженија)
Атланта Хокс – Детроит Пистонс 104:114

Текстот (Видео) Личен рекорд на Гилџис-Александер, Оклахома ја победи Јута е превземен од МАКФАКС.