Кејт Мидлтон, принцезата од Велс, откри како се справува со стресот откако минатата година и беше дијагностициран рак. На јутјуб каналот на Кејт и Вилијам, како и на Инстаграм, објавено е кратко видео на кое принцезата се дружи со извидници на езерото Виндермер во Велика Британија.

Кејт за време на разговорот со главниот извидник Двејн Филдс рече дека чувствува длабока духовна и емоционална поврзаност додека е во природа, што и дава „чувство на мир во многу зафатен свет“.

Како што рече, не сите гледаат на ист начин на поминувањето време во природа, но нагласи дека тоа и е многу важно. Покрај чувството за поврзаност, таа вели дека наоѓа рамнотежа и во природата.

Да потсетиме, принцезата во јануари објави дека ракот, кој и беше дијагностициран минатата година, е во ремисија. „Олеснување е што сега сум во ремисија и останувам фокусирана на закрепнувањето. Како што знае секој на кого му е дијагностициран рак, потребно е време да се прилагоди на новата нормала“, рече таа во изјавата објавена на Инстаграм.

Текстот (Видео) Кејт Мидлтон за ракот и стресот: „Ми помага тоа што сум во природа“ е превземен од МАКФАКС.