Германскиот тенисер Саша Зверев се надева дека Новак Ѓоковиќ еден ден ќе му биде тренер.

Пред некое време, Данил Медведев изјави дека слушнал оти Новак, кога ќе ја заврши кариерата, ќе го тренира Зверев.

На Мастерсот во Рим, на тенисерите им беше поставено прашањето – кого би сакале да видат за тренер.

Алекс де Минор, Холгер Руне, Стефанос Циципас го издвоија Новак, исто како и Зверев, кој одговори со насмевка.

„Кога ќе се пензионира, сигурно ќе ми биде тренер. Тоа е тоа“, вели Зверев.

Следеше констатција дека многумина би го посакале Новак на тоа место.

„Тој е мојот тренер. Потпишавме“, истакна Саша на шега.

Кој знае што носи иднината…

Текстот (Видео) Зверев: Готово е, Ѓоковиќ е мојот тренер е превземен од МАКФАКС.