Фудбалерите на Пењарол го победија Ботафого со 3:1 во полуфиналниот реванш во Копа Либертадорес, но ниту тоа не им беше доволно да се пласираат во финалето.
Подобрата гол-разлика од двата меча одлучи во финалето да оди бразилскиот тим кој го доби првиот меч со резултат 5:0.
Иако знаеја дека минусот од првиот меч е невозможно да го надоместат, навивачите на Пењарол направија спектакуларна атмосфера на својот стадион.
Домаќините поведоа во 31. минута со голот на Баез од околу 25 метри. Потоа до крајот на првиот дел Пењарол успеа да остане со играч помалку бидејќи Агере доби црвен картон поради газењето на противничкиот голман Џон.
Се играше 66. минута кога Баез повторно постигна гол и го удвои водството на својот тим.
Фудбалерот на Ботафого, Алмада постигна гол во 88. минута, но само минута подоцна Батиста погоди за конечни 3:1.
Ботафого во финалето ќе се сретне со уште еден бразилски тим, Атлетико Минеиро.
Текстот (Видео) Залудна победа на Пењарол, Ботафого оди во финалето е превземен од МАКФАКС.