Во понеделникoт имаше редок момент на радост и меѓу Израелците и меѓу Палестинците откако Хамас ги ослободи преостанатите 20 заложници живи во Газа како дел од договорот за размена на речиси 2.000 палестински затвореници, на денот кога светските лидери се собраа во Египет за да се обидат да обезбедат дека сегашниот ограничен прекин на огнот ќе се прошири во траен мир.

„Молитвите на милиони конечно беа услишени. Конечно, имаме мир на Блискиот Исток“, рече американскиот претседател Доналд Трамп на мировниот самит.

Египетскиот претседател Абдел Фатах ел-Сиси повика на отворање нова ера на Блискиот Исток.

„Нека војната во Газа биде последната војна во регионот“, рече претседателот, во услови на широко распространета загриженост за тоа колку долго ќе трае сегашниот прекин на огнот.

Во Тел Авив, околу 65.000 Израелци се собраа на Плоштадот на заложниците и аплаудираа кога воен хеликоптер со 20 ослободени Израелци.

Преносот во живо од нивното ослободување и средбата со нивните семејства беше емитуван на големи екрани околу плоштадот, пишува „Гардијан“. Плоштадот е центар на национална кампања за нивно ослободување откако 250 Израелци беа киднапирани на 7 октомври 2023 година, во ненадеен напад на Хамас врз јужните израелски заедници, при што загинаа 1.200 луѓе и започна конфликтот во Газа.

Телата на четворицата заложници држени во Газа, кои Хамас ги предаде на Црвениот крст во понеделник, се вратени во Израел, соопшти армијата.

Текстот (Видео) Емоции во Тел Авив: Израелците го прославија ослободувањето на заложниците е превземен од МАКФАКС.