Дуото Ај Кју кое не претставуваше на Евровизија во 2018 година има нова песна на англиски насловена „Till The beat comes down“.

Бојан и Марија кои веќе неколку години живеат и работат во Лондон се активни на полето на музиката и денес ја промовираат нивната нова песна која е дел од нивниот следен албум кој е во изработка.

На оваа песна соработуваа со продуценти од Лондон Шведска Австралија и Италија.

Звукот е модерен и претпознатлив за нивните фанови од претходно, но може да се забележи и малку попрогресивен експериментален пристап особено во ритмичката секција кој е новитет во последните неколку нивни песни.

Текстот (Видео) Дуото Ај Кју објави нова песна „Till The beat comes down“ е превземен од МАКФАКС.