Лос Анџелес Лејкерс ги победија Њујорк Никс со 113:109 по продолжение на домашен терен и го забележаа осмиот последователен триумф во НБА лигата.

Најефикасен во тимот на Лејкерс беше Лука Дончиќ со 32 поени, 12 асистенции и седум скока.

Леброн Џејмс додаде 31 поен, 12 скока и осум асистенции, Гејб Винсент постигна 12 поени, додека Далтон Кнехт уфрли 11 поени. Њујорк го предводеше Џејлен Брансон, кој забележа дабл-дабл со 39 поени и 10 асистенции.

Оџи Ануноби постигна 20 поени, Џош Харт додаде 18 поени и 10 скока, додека Карл-Ентони Таунс имаше 12 поени и 14 скока.

Лејкерси се втори во западната конференција со скор 40/21, додека Њујорк е трет на Истокот со 40 победи и 22 порази.

НБА, резултати:

Орландо – Чикаго 123:125
Атланта – Индијана 124:118
Бруклин – Голден Стејт 119:121
Бостон – Филаделфија 123:105
Њу Орлеанс – Хјустон 97:109
ЛА Лејкерс – Њујорк 113:109

Текстот (Видео) Дончиќ и Леброн го поништија учинокот на Брансон – Лејкерси го победија Њујорк е превземен од МАКФАКС.