Детроит Пистонс ја продолжи победничката серија во НБА лигата. Пистонс го декласираа актуелниот шампион Бостон Селтикс 117:97. Ова беше осма последователна победа за тимот кој моментално заедно со Кливленд е во најдобра форма во целата лига.

Детроит речиси 17 години немал ваква серија победи. Пистонси ја прекинаа долгата серија неуспеси во дуелите со Бостон, тие имаа серија од 12 поразиво низа.

Предводници на овој триумф беа незапирливиот Малик Бисли, најефикасен со 28 поени и Кејд Канингем кој постигна 21 поен и забележа 11 асистенции, додека Џејлен Дуран имаше 13 поени и 11 скока.

Овој пораз беше втор најубедлив за Бостон оваа сезона и го означи крајот на серијата од шест победи.

Џејсон Тејтум беше најефикасен со 27 поени, а Дерик Вајт и Пејтон Причард постигнаа по 18. Детроит се зацврсти на шестото место на Истокот (33:26), Милвоки има една победа повеќе и еден пораз помалку.

По двата порази (Кливленд и Бостон), Њујорк се врати на победите во дуелот со Филаделфија, 110:105.

Ова беше четврта победа во последните шест натпревари за Никс и 11-та во последните 15 натпревари.

Никс ги предводеа Џејлен Брунсон со 34 поени (15/16) и седум асистенции и Микал Бриџис со 28 поени. Ануноби придонесе со 16 поени и девет скока, додека Џош Харт имаше седум поени и 17 скокови.

За гостите, кои доживеаја девет последователни порази, вреди да се спомене учинокот на само тројца играчи кои практично сами се бореа со Никс. Тајрис Макси постигна 30 поени, Кели Убре 27, а Пол Џорџ 25 поени.

Резултати:

Индијана – Торонто 111:91
/Халибартон 33 – Квикли 18/

Вашингтон – Портланд 121:129
/Пул 24 – Шарп 36/

Мајами – Атланта 131:109
/Хиро 24 – Даниелс 18/

Бруклин – Оклахома 121:129
/Шарп 25 – Гилџис-Александер 27/

Чикаго – ЛА Клиперс 117:122
/Гиди 21 – Харден 30/

Јута – Сакраменто 101:118
/Кеслер 25 – Мари 26/

Хјустон – Сан Антонио 118:106
/Томпсон 25 – Џонсон 22/

Текстот (Видео) Детроит Пистон го декласираа актуелниот првак е превземен од МАКФАКС.