На социјалните мрежи кружи вирално видео од Оскарите на кое актерката Хали Бери му приоѓа на актерот Адриен Броди на црвениот тепих и страсно го бакнува пред сите.
Бери однапред и се извини на долгогодишната девојка на Броди, Џорџина Чепмен, велејќи: „Извини Џорџина, но морам да го сторам ова“, а потоа го бакна Броди.
Модната дизајнерка, која е во врска со Броди од 2020 година, за „Екстра“ проговори за виралниот бакнеж, а нејзиниот коментар насмеа многумина.
„Тоа беше само момент, нели?“ рече таа, а потоа додаде: „Мислам, како можеш на маж да му скратиш бакнеж со Хали Бери?“
Бери му се одмазди на Броди за познатиот бакнеж на Оскарите во 2003 година. Кога на сцената му го врачи Оскарот за најдобар актер, кој го доби благодарение на улогата во филмот „Пијанист“, Броди ја бакна пред сите. Подоцна тврдеше дека бакнежот бил непланиран и целосно ја изненадил, а Бери изјавила дека чекала 22 години за да го „фати“ на црвениот тепих и да го бакне.
Текстот (Видео) Девојката на Адриен Броди реагираше на неговиот бакнеж со Хали Бери на Оскарите е превземен од МАКФАКС.