Њујорк Никс ги победија актуелните шампиони, Бостон Селтикс, со 108:105 по едно продолжение и поведоа со 1:0 во второто коло од плејофот.

Тимот од Њујорк успеа да се врати по минусот од 20 поени, го израмни резултатот на крајот од регуларното време и се избори за победа во продолжението.

Покрај уште еден маестрален меч на Џален Бренсон, овој натпревар ќе биде запаметен и по историски слабите шутерски перформанси на актуелните шампиони…

Во овој натпревар, Бостон Селтикс погодија 15 од 60 (!) тројки и со 45 промашувања надвор од линијата од 7,26 метри, поставија негативен рекорд кога станува збор за плејофот во НБА. На овој натпревар, Бостон шутираше 60 пати за три поени, а 37 пати за два. Интересно е што Никс, од друга страна, шутнаа вкупно 47 тројки.

Џален Брансон и О Џи Ануноби постигнаа по 29 поени, а Карл-Ентони Таунс имаше 14 поени и 13 скока за Њујорк. Херојот на Никс беше и Микал Бриџис, кој му ја украде топката на Џејлен Браун, во последниот напад од натпреварот, секунда пред крајот.

Селтикс, кои ги победија Никси во сите четири натпревари ги предводеа Џејлен Браун и Џејсон Тејтум со по 23 поени, а Дерик Вајт уфрли 19.

Вториот натпревар исто така ќе се игра во Бостон, во ноќта помеѓу среда и четврток.

Текстот (Видео) Голем пресврт и брејк на Њујорк во Бостон е превземен од МАКФАКС.