Српскиот претседател Александар Вучиќ на социјалните мрежи објави видео каде заедно со премиерот Димитар Ковачевски и претседателот на Црна Гора Јаков Милатовиќ се веселат и пејат во еден ресторан. Да живее пријателството меѓу Црна Гора, Македонија и Србија, пишува во описот на видеото. На него тројцата функционери се чини дека се во многу добро расположение. Причина за собирот е Вториот саем на виното во Белград.