Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, обраќајќи се кон премиерот Ѓуро Мацут, изјави дека не е задоволен од ангажманот на министрите во Владата на Србија.
„Ѓуро, не сум задоволен од ангажманот на луѓето во владата и тоа ќе ти го кажам во лице. Не морам да ти кажам дека знам колку време луѓето поминуваат во владата. Срамота е. Тоа е сè што имам да ти кажам“, рече Вучиќ на седницата на Советот за соработка на Србија и Република Српска во проширен состав, во Палатата на Србија, во Белград.
Тој ги замоли министрите да се ангажираат повеќе и да работат понапорно, наведувајќи дека во просек 1,2 министри се на терен секој ден, а не 16.
„Потребна е многу поголема ангажираност, многу поголем напор и работа. Не живејте за да помине уште еден ден, туку за да се направи нешто големо“, рече Вучиќ.
O jee, neće valjda morati đuro macut da vrati kuću od milion evra https://t.co/7GiHTUxBJo
— Trener Zoran (@just_a_dickhead) September 20, 2025
Текстот (Видео) Вучиќ ги критикуваше српските министри: „Ѓуро, не сум задоволен од ангажманот на луѓето во Владата, срамота е“ е превземен од МАКФАКС.