Воз се судри со двокатен автобус северозападно од Мексико Сити рано наутро во понеделник по локално време, при што загинаа најмалку осум лица, а 45 се повредени, соопштија властите.

Агенцијата за цивилна заштита на државата Мексико на Икс соопшти дека службите за итни случаи сè уште се на местото на несреќата во индустриска зона.

Не се објавени детали за тоа како се случила несреќата.

Снимката од безбедносните камери од железничката несреќа се појави на социјалните мрежи.

фото: принтскрин

Текстот (Видео) Воз удри во автобус во Мексико Сити, најмалку осум мртви: објавена е снимка е превземен од МАКФАКС.