Кошаркарската Куќата на славните во американскиот Спрингфилд доби 13 нови членови, а најпознатото име меѓу нив е најдобриот забивач на сите времиња Винс Картер, човек чија НБА кариера траеше четири децении, од 1999 до 2020 година, односно 22 сезони.
Иако никогаш не станал НБА шампион, Ер Канада бил осумкратен Ол-стар, а во 2000 година победи на натпреварот во забивање кој сè уште се памети како најдобрата изведба на шоуто досега.
Тој беше првата суперѕвезда на Торонто Репторс, кариерата ја заврши со 25.728 поени и моментално е на 21-то место на вечната листа на стрелци. Покрај Торонто, тој играше и за Њу Џерси Нетс, Орландо Меџик, Феникс Санс, Далас Маверикс, Мемфис Гризлис, Сакраменто Кингс и Атланта Хокс.
Како и да е, тој влезе во Куќата на славните како Раптор, затоа што секој играч мора да ја избере франшизата што ќе ја претставува и стана првиот претставник на единствениот канадски НБА клуб меѓу кошаркарските бесмртници.
Изминатите неколку недели Картер е во центарот на вниманието бидјќи Репторс и Нетс објавија дека ќе го повлечат неговиот дрес, а пред неколку дена беше објавено ќе работи во телевизијата ТНТ како аналитичар.
Заедно со него, класата 2024 ги вклучува и поранешните играчи Чонси Билапс, Мајкл Купер, Волтер Дејвис и Дик Барнет, тренерите Харли Редин, Бо Рајан, Чарлс Смит и Дау Колинс, Сејмон Августус, сопственикот на Индијана Пејсерс Херб Сајмон, а неодамна починатиот Џери Вест беше примен во Куќата на славните по трет пат.
Претходно влезе како играч во 1980 година и олимпиец во 2010 година, сега доби признание за неговиот посебен придонес во кошарката.
Текстот (Видео) Винс Картер влезе во Куќата на славните е превземен од МАКФАКС.