Фудбалерите на Болоња го победија Интер (1:0) во 33.коло во Серија А.

На овој расплет најмногу се радува Наполи, кој сега има ист број бодови како „нероаѕурите“, со подобра гол-разлика тимот од Милано, бидејќи скорот меѓу нив е изедначен.

Уморен од Лигата на шампионите, Интер потклекна во четвртата, последна минута од судиското надополнување.

Рикардо Орсолини акробатски ја зафати топката со левата нога по центаршут и го совлада Јан Сомер.

Болоња освои важни бодови на „Ренато Дал’Ара“ против актуелниот шампион и моментално е четврта со 60 бодови, што е бод повеќе од Јувентус, кој допрва треба да гостува во Парма во понеделник.

Во следното коло Интер ја пречекува Рома, додека Болоња ќе гостува кај Удинезе.

Текстот (Видео) Болоња во 94.минута му пресуди на Интер е превземен од МАКФАКС.