Фудбалерите на Интер и Арсенал им се приклучија на Барселона и Пари Сен Жермен во полуфиналето на Лигата на шампионите. „Топчиите“ го елиминираа европскиот шампион Реал, победија во Мадрид со 2:1 и со вкупен резултат 5:1 се пласираа во полуфиналето. Во Милано Интер и Баерн одиграа 2:2, италијанскиот шампион со вкупни 4:3 влезе меѓу најдобрите четири екипи во Европа.
Реал не успеа да направи уште едно чудо на „Бернабеу“ во Мадирд. По поразот 3:0 во Лондон, Реал имаше тешка задача и уште потежок противник. Арсенал упте еднаш тактички одигра перфектно.
Ритамот и концентрацијата не им ги поремети ниту промашениот пенал на Букајо Сака во 12.минута. Несериозно, Сака се обиде со „Паненка“, но лошо го направи тоа и Тибо Куртоа го прочита одбрани.
Реал го имаше поседот на топката, но тоа не му донсе резултат. Како одминуваше натпреваро видлива беше нервозата кај играчите во бели дресови. Колку беа немоќни најдобро покажува податокот дека во текот на целиот меч немаа ниту една сериозна шанса, а првиот удар во рамките на голот го упатија во 58.минута.
Сака беше тој што му донесе водство на Арсенал во 65. минута. Само две минути подоцна Винисиус успеа да израмни, по катастрофалната грешка на Вилијам Салиба, нотоа беше се од Реал вечерва.
Мадриѓаните сакаа барем почесна победа, но наместо тоа Мартинели погоди во третата минута од судиското надополнување и им донесе нова победа и големо славје на „топџиите“ во Мадрид.
Арсенал во полуфиналето ќе игра против Пари Сен Жермен, кој во претходните две кола елиминира два англиски клуба Ливерпул и Астон Вила.
Текстот (Видео) Арсенал го елиминира Реал, Интер ја преживеа драмата во Милано е превземен од МАКФАКС.