Американската актерка Дерил Хана (64) изрази поддршка за Украина за време на Оскарите. Актерката излезе на сцената за да ја додели наградата за категоријата Достигнувања во филмска монтажа.
„Слава на Украина“, рече актерката и подигна два прста во знак на мир, а нејзината кратка порака ги воодушеви присутните која беше пропратена со стоечки овации од публиката и громогласен аплауз.
Ова не е првпат Дерил Хана да ја поддржува Украина. Набргу откако Русија ја започна својата инвазија на Украина во 2022 година, таа напиша: „Ние стоиме со вас и со сите жртви на бруталните диктатори и бесмислените војни“.
Текстот (Видео) Американската актерка доби овации на Оскарите за поддршката на Украина е превземен од МАКФАКС.