Вечерва ќе се одржи втората рунда преговори Москва-Киев. Алексеј Арестович, член на Кабинетот на украинскиот претседател Зеленски, потврдил дека составот на делегациите ќе остане непроменет. Украинскиот државен врв претходно побара да запре убивањето на цивили за двете делегации повторно да седнат на заедничка маса. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков исто така ја потврди информацијата за вечерашните преговори, без да ја прецизира локацијата.
Првично беше договорено двете страни да се сретнат на полско-белоруската граница. По првата рунда, која се одржа пред два дена, руските и украинските преговарачи кажаа дека постојат теми за кои може да се постигне заедничко решение. Киев инсистира на прекин на огнот и повлекување на руските трупи, а Москва бара признавање на рускиот суверенитет над Крим, демилитаризација и – како што велат- денацификација на Украина и нејзин неутрален воен статус.