Лондонски Челси го забележа вториот пораз оваа сезона откако, „сините“ загубија на гостувањето кај градскиот ривал Вест Хем.
Избраниците на Тухел беа подобар противник во првиот дел, поведоа со голот на Силва, Ланцини изедначи од пенал во 40. минута, но пред да се замине на пауза, Маунт закачи еден волеј и погоди на поблиската статива за 1-2.
Вест Хем повторно се вратиа во игра во 56. минута, Боувен реализираше за 2-2, за во финишот домаќините да го шокираат фаворитот.
Масуаку во 87. минута погоди чудесно за својот првенец и 3-2. Нејасно е дали фудбалерот од Конго навистина сакаше да шутира и дали топката го зачаки Лофтус Чик, но од косо прекрасно го матираше Менди, топката падна под пречката за огромна радост на „Олимпискиот Стадион“ во Лондон.