Сезоната во Формула 1 шампионатот донесе драматичен финиш, каде шампион стана возачот на Ред Бул Макс Верстапен.
Луис Хамилтон водеше цела трка во Абу Даби, но на крај ја плати цената во завршниот круг и заврши на второто место.
„Ова е неверојатно. До крајот се борев и добив прилика во последниот круг. Му честитам на тимот. Од 2016 година сонувавме за шампионската титула и на крај во тоа успеавме. Конечно малку среќа за мене. Му благодарам и на Серхио, направи голема работа. Се надевам дека ќе продолжиме во наредните 10-15 години. Би сакал да останам тука до крајот на кариерата“, изјави новиот Формула 1 шампион.
За Верстапен ова беше десетта победа во сезоната, која му ја донесе првата шампионска титула во Формула 1 кариерата. Трофејот во екипна конкуренција заврши кај Мерцедес, што беше мала утеха за нив.