Во 17. коло од Серија А, италијанскиот фудбалски гигант Јувентус ремизираше 1:1 на гостувањето кај Венеција.

Гостите беа подобар ривал во првото полувреме, а како награда стигна водечкиот гол на Мората во 32. минута.

ВАР го провери голот за потенцијална игра со рака, но судијата покажа на центарот и Шпанецот можеше да слави.

Во вториот дел домаќинот успева да израмни. Стрелец на голот за Венеција во 55. минута беше Араму.

Венеција одигра трпелива акција, а Араму ја заврши акцијата со убав удар од работ на шеснаесетникот.