Папата Франциско е во стабилна здравствена состојба и имаше мирна ноќ, соопшти денеска Ватикан.

„Ноќта беше мирна, папата се уште се одмора“, се вели во соопштението на Ватикан.

Папата Франциско (88) на 14 февруари беше примен во римската болница „Агостино Џемели“ со тешки респираторни проблеми кои брзо прераснаа во пневмонија на двете белодробни крила, што му го отежна дишењето.

Ватикан вчера соопшти дека втор ден по ред на папата му е потребна неинвазивна, механичка вентилација.

Папата Франциско не е виден во јавноста откако беше примен во болница, што е негово најдолго отсуство од почетокот на мандатот во март 2013 година.

Текстот Ватикан соопшти дека папата Франциско е во стабилна здравствена состојба и имал мирна ноќ е превземен од МАКФАКС.