Најдобриот фудбалер во историјата на Македонија, Горан Пандев во последниот ден од преодниот рок премина од Џенова во Парма. Тој на крајот на кариерата конечно заигра во ист тим со легендарниот италијански голман Џанлуиџи Буфон.
Поранешниот капитен на Македонија за италијанските медиуми откри што му кажал популарниот Џиџи на првиот тренинг.
„Сигурно дека задоволството е големо што ќе играм со Буфон. Знаеме што значи тој за светскиот фудбал и што сè направи во неговата кариера. Кога се видовме на првиот тренинг веднаш ми рече, ‘конечно сме во иста екипа, сега нема повеќе да ми даваш голови’“, изјави Пандев.