Претседателката на Собранието на Србија, Ана Брнабиќ синоќа во врска со критиките на властите за извоз на оружје во Израел изјави дека и е „жал за војните“, но дека Србија мора да ги продаде оружјето и муницијата што ги произведува.

„Оваа земја има своја наменска индустрија, таа е значаен фактор во нашата економија и поддржува десетици илјади семејства во Србија“, изјави Брнабиќ за ТВ Пинк.

Таа оцени дека Србија „сигурно може да се гордее со својата индустрија“.

„Но, знаете, наменската индустрија произведува муниција и оружје, кои обично се користат во војни. Да, ние ги извезуваме сите наши производи од наменската индустрија“, рече Брнабиќ.

Според неа, целокупното производство на српската наменска индустрија е резервирано со години однапред, што е добро за луѓето кои работат во таа област и за домашната економија.

Текстот Брнабиќ за извозот на оружје во Израел: Жал ми е за војните, но Србија мора да го продаде тоа што го произведува е превземен од МАКФАКС.