Њујорк Никс се на прагот да се пласираат во втората рунда од плејофот во Источната конференција.

Тимот на Том Тибодо ги победи Пистонс во Детроит вечерва по средноевропско време, во драматичен финиш со 94:93.

Резултатот сега е 3:1 во серијата за „Никербокерс“, а победникот во конференциското полуфинале ќе игра против подобриот од дуелот Бостон Селтикс – Орландо Меџик. Актуелните шампиони Селтикси водат со 2:1.

Апсолутен херој на оваа победа на Никс беше плејмејкерот Џејлен Бренсон, кој заработи повреда на глуждот во текот на натпреварот. Сепак, се врати на теренот во финишот и заедно со Карл-Ентони Таунс одигра клучна улога во „брејкот“ на тимот од Менхетен.

Херој на победата за тимот од „Големото јаболко“ беше Карл-Ентони Таунс, кој во последната минута погоди тројка со која тимот на Том Тибодо направи пресврт, а подоцна и победи.

Џејлен Брансон беше најефикасен во победничкиот тим со 32 поени и 11 асистенции, додека Таунс го заврши натпреварот со 27 поени и девет скока.

Кај Детроит се истакна Кејд Канингем со трипл-дабл (25-10-10), односно Тобијас Харис со 18 поени. Тим Хардавеј постигна поголем дел од своите 14 поени во финишот, додека Џејлен Дурен беше доминантен по обрачите со 17 скока.

Текстот Брансон и Таунс за брејк на Њујорк во Детроит е превземен од МАКФАКС.