Фудбалската Федерација на Македонија (ФФМ) ги одреди стадионите за баражите за влез во Втората македонска фудбалска лига (ВМФЛ) кои ќе се играат на 28 мај.
Сите ќе се играат на неутрален терен, а најблиску од сите ќе игра Тетекс кој ќе го пречека Осогово во Скопје.
Тетекс – Осогово („Борис Трајковски“, Скопје)
Башкими – Влазрими (Градски стадион, Тетово);
Вардар Неготино – Новаци (Градски стадион, Кичево);
Победниците од баражите ќе влезат во ВМФЛ, а две од останатите три екипи ќе бидат извлечени на ждрепка и ќе добијат второлигашки статус во следната сезона.