Копарот, кој потекнува од средна Азија, покрај магдоносот е најчеста зачинска билка по пазарите.
Ги содржи витамините А и Ц, фолна киселина, бета-каротен, а за да го извелчете максимумот од него, избегнувајте го оној копар кој пожолтел.
Се вели „во секоја чорба копар“, но тој одлично оди и со краставица, домат, зелена салата, компир, динстан зеленчук, тиквички, печурки, пилешко месо, јагнешко месо.