Левиот бек на Челзи, Бен Чилвел го напушти клубот, се пресели на позајмица до крајот на сезоната во Кристал Палас.

Чилвел пристигна во Челси во 2020 година како големо засилување од Лестер за 50 милиони евра. Се покажа како многу моќно офанзивно оружје. Но, проблемите со повредите му ја затворија вратата на „Стемфорд Бриџ“.

Веднаш штом Енцо Мареска го презеде Челзи, јасно стави до знаење дека не смета на Чилвел. Левиот бек нема одиграно ниту една минута оваа полусезона во Премиер лигата, одигра само еден натпревар во Лига купот.

Конечно, ситуацијата околу Чилвел е решена. Тој ќе игра во Кристал Палас како позајмен до крајот на сезоната. Останува само да ги мине лекарските прегледи.

Текстот Бен Чилвел го напушти Челзи, но остана во Лондон е превземен од МАКФАКС.