Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике изјави дека не жали по Килијан Мбапе, кој минатото лето како слободен играч се пресели во Реал Мадрид.
Мбапе не му помогна на ПСЖ да ја освои Лигата на шампионите, ќе видиме дали ќе го направи тоа во „кралскиот клуб“, но факт е дека не се раздели со „светците“ во најдобри односи.
Ниту со тренерот Луис Енрике, инаку легенда на Барселона.
„Бев многу храбар минатата сезона кога ви кажав дека ќе бидеме подобри во нападот и одбраната. Тоа постојано го кажувам и бројките го потврдуваат тоа. Сите го сакаа Килијан, но тимот реагира позитивно. Сакав повеќе играчи да постигнуваат голови. Зрелоста е многу важна работа”, изјави Енрике.
Затоа, од друга страна, тој е презадоволен од настапите на Усман Дембеле оваа сезона.
„Го познавам од Барселона, тој е многу отворен тип. Тој игра спектакуларно, статистиката покажува дека „експлодира“ оваа сеозна. Не го ограничуваме, тој мора да биде важен за тимот, да носи одлуки. Тој треба да биде лидер и мислам дека може да го направи тоа“, подвлече Луис Енрике.
Текстот „Без Мбапе сме подобри и во одбраната и во нападот“ е превземен од МАКФАКС.