Сега, кога сме повозрасни разбираме дека тоа се само знаци на мајчината љубов и внимание. Се надеваме дека ќе читате и ќе се смеете. Потсетете се на сите паметни совети кои мајките ви ги дале некогаш, а вие со потсмев сте ги прифатиле или одбиле.
Во секој случај заблогодарете им се на мајките што биле покрај вас и ве помагале при сите препреки низ животот.
- Ти кажав сто пати да не се клацкаш на столчето!
- Сендвичот не е ручек.
- Ќе го најдеш таму кај што си го оставил.
- Ти кажав!
- Легни си, нема да можеш да станеш утре.
- Јас завршив со училиште пред 20 години, а сѐ уште се сеќавам на таблица множење.
- Те боли главата? Тоа ти е заради тоа што седиш цело време пред компјутер!
- Ќе ме разбереш кога ќе имаш деца.
- Кога јас бев колку тебе, не беше вака.
- Зошто ти требаат толку пари?
- Можеш да правиш што сакаш, ама кога ќе имаш твои пари!
- Кој ќе се грижи за кучето? Кој ќе го шета кучето? Ти?! Како па да не!
- Не сакам да го слушнам ова од тебе повеќе!
- Ако не сакаш да студираш, ќе мора да работиш.
- Може ли да ми направиш профил на Фејсбук?
- Зошто ја симна капата? Те видов од прозорецот.
- Зошто слушам лоши работи за тебе од други луѓе?
- Ќе ми кажеш „фала“ некогаш.
- Не учиш за мене, за тебе си е.
Прикажи повеќе