Оваа година се предвидува економијата на Украина да се преполови. Растот на БДП се очекува да се намали за 45 отсто, додека конечната стапка на економски пад ќе зависи од траењето и интензитетот на војната.
„Руската окупација задава огромен удар на економијата на Украина и нанесе голема штета на инфраструктурата“, изјави Ана Бјерде, потпретседателка на Светска банка за Европа и Централна Азија. Во исто време, се очекува руската економија да се намали за 11 отсто како резултат на санкциите на Западот.