Во престрет на првиот натпревар од квалификациите за пласман на Светското првенство во 2023 година, селекторот Драган Бајиќ, на прес-конференција истакна дека и покрај сите пробелми со кои се соочува нашата селекција пред дуелот против Шпанија, пред се повредите на Стојан Ѓуроски, Љубомир Младеновски, Ненад Димитријевиќ и Војдан Стојановски, како и одбивањето на настап на Лејсон Зекири, нашата селекција нема да излезе со бело знаме пред актуелниот светски шампион.
- Среќен сум што работам со овие момци. Имавме проблеми изминатиот период, особено со повредите на некои кошаркари. Зекири не се појави на тренинзите, не знам од која причина, Младеновски се повреди, исто како и Ѓуровски… Ова се квалитетни играчи кои сигурно ќе имаа минутажа на мечот со Шпанија, ако не беа и стартери. Сите што се тука знаат како да се однесуваат кон националниот дрес и така треба да играат против Шпанија. Шпанија е силна сама по себе, без разлика со кој ростер ќе дојде, сепак нивната лига е премногу силна во Европа. Имаат квалитет и се останато. Низ текот на кариерата имам победувано многу посилни тимови, а така треба да ја сфатат и овие кошаркари, бидејки само така можеме да дојдеме до добае резултат. Квалитетот е на нивна страна, но ние нема да излеземе со бело знаме. Мојата цел секогаш ќе биде повик да добијат прво младите кошаркари, отколку искусните, бидејќи уште кога дојдов на чело на репрезентацијата таа ми беше главна и единствена цел, истакна селекторот Бајик.