Барселона се наоѓа во големи финансиски проблеми, а тоа би можел да го искористи Баерн Минхен.
Како што пренесува „Ел Насионал“, клубот од Минхен размислува за да доведе дури четворица играчи на Каталонците.
Наводно, Баварците ги контактирале менаџерите на овие играчи пренесувајќи им дека се заинтересирани за нив и дека доколку одлучат да го напуштат „Камп Ноу“ тие би биле заинтересирани да ги доведат во Минхен.
Иако не се споменуваат имињата на играчите, шпанските медиуми веќе шпекулираат за нивните имиња. Во прв ред се истакнува Марк Андре тер Штеген кој како репрезентативец на Германија се уште е интересен за Баварците, а исто така размислуваат и за Сержињо Дест, Френки де Јонг и Педри, играчи со кои Баерн се поврзуваше и претходно.
Доколку некој од нив навистина го напушти „Камп Ноу“ тоа би бил голем удар за каталонскиот клуб.
Баерн го посакуваше Де Јонг уште додека беше во Ајакс, Педри заедно со Ансу Фати е предвиден како залог за иднината и неговата продажба би можела да означи крај на било какви поголеми амбиции во Барса, а во прилог не им оди ниту тоа што следното лето му истекува договорот.
Баварците нема да се расфрлаат со пари, но доколку почувствуваат шанса за квалитетно засилување, тогаш нема дилеми дека ќе и го загорчат животот на Барселона.